Свет

Шведска ги укина сите Ковид мерки: Коронавирусот ќе се смета за ендемична болест

Укинати се и пропусниците за Ковид и нема да биде задолжително носење маска

Шведска ги укина сите епидемиолошки мерки, го запре масовното и бесплатно тестирање за коронавирус и целосно ги отвори границите за сите граѓани на Европската унија. Според шведските власти, од денеска коронавирусот ќе се третира како ендемично заболување.

Така Шведска им се приклучи на Данска и Норвешка кои претходно се решија на ваков потег. Шведска, исто така, ги укина пропусниците за Ковид и обврската за носење маска во јавниот превоз.

– Пандемијата не е завршена, но влегуваме во сосема нова фаза. Знаењето е подобрено, неколку студии покажуваат дека сојот омикрон води до не толку тешка болест – изјави премиерката на Шведска Магдалена Андерсон, а пренесува „Еуроњуз“.

Иако сојот омикрон предизвика нагло зголемување на бројот на инфекции, тоа не прерасна во зголемување на хоспитализираните поради тешките форми на болеста во земјава.

– Се уште има потреба луѓето да се вакцинираат. Ако сте примиле две дози од вакцината, треба да ја земете третата. Потребни се три дози за да се продолжи заштитата од ширење на инфекцијата, но и од тешки болести – изјави министерката за здравство Лена Халенгрен.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!