Свет

Шефот на ООН ги повика САД да ги укинат санкциите против Иран

Шефот на ООН ги повика Соединетите држави да ги укинат санкциите против Иран

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, ја повика администрацијата на Бајден да ги укине санкциите против Иран, воведени за да се спречи развојот на нуклеарно оружје и да се врати на одредбите од договорот од 2015 година.

Во својот извештај до Советот за безбедност, Антонио Гутереш, генералниот секретар на ООН, ги повика САД да ги прошират и обноват своите обврски кои ги презедоа за трговија со нафта со Иран и спречување ширење на нуклеарно оружје.

„Ги повикувам САД да ги укинат или да се откажат од санкциите“, рече Гутереш, повикувајќи го Иран да се врати во целосна примена на договорот од 2015 година.

Апелот на Гутереш доаѓа во време на дискусии за обновување на договорот од 2015 година, познат како „Заеднички сеопфатен план за акција“, според кој Иран прифати ограничувања на својата нуклеарна програма во замена за укинување на голем број странски санкции.

Советот за безбедност во средата расправаше за биеналниот извештај на Гутереш за спроведувањето на одлуката од 2015 година, поточно за нуклеарниот договор меѓу Иран, САД, Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина.

„Последните неколку дискусии во Виена помогнаа во кристализирање на одлуките што мора да ги донесат Иран и Соединетите држави со цел да се постигне меѓусебно почитување на постигнатиот договор“, рече во средата на Советот за безбедност на САД заменик амбасадорот во ООН Џефри Ди Лаурентис.

Повлекување од нуклеарниот договор

Амбасадорот на ЕУ во ООН Олоф Ског рече дека Унијата, која ги координира преговорите во Виена, е охрабрена од фактот дека САД „покажаа подготвеност“ да ги укинат санкциите во врска со прашањето на нуклеарниот договор.

Но, Ског предупреди и дека времето истекува и дека е потребна акција веднаш. „Јасно е дека времето не е на наша страна и дека она што може да се направи денес може да не биде можно во блиска иднина. Имаме ограничен простор за дипломатско дејствување и не треба да ја пропуштаме оваа можност “, рече Ског.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор во 2018 година и повторно воведе остри санкции по што Иран започна да крши некои од договорените ограничувања во 2019 година.

Иран активно работи на својата нуклеарна програма, но тврди дека станува збор за цивилни проекти и дека е подготвен да ги прекине овие активности доколку САД ги укинат санкциите и се вратат во согласност со договорот од 2015 година.

Related posts

Leave a Comment