Регион

ШЕШЕЉ БЕЗ ПАРДОН : Ќе го почестам вирусот ако цркне ѓубрето Солана

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана (77), беше примен во болница во петокот, откако беше тестиран на коронавирус, а се чини дека оваа вест има најголемо ехо во Србија.

Во петокот американскиот АБС објави дека Солана е хоспитализиран во Мадрид поради коронавирус, како и дека во понеделникот присуствувал на митинг во Мадрид со сегашната министерка за надворешни работи на Шпанија Аранча Гонзалес Лај. Информацијата дека со корона вирус е заразен човекот кој лично нареди бомбашки напад на СР Југославија и беше меѓу главните поборници за еднострано прогласување независност на Косово, многу граѓани на Србија вчера ја споделија на социјалните мрежи со коментари „Не ми е жал“ и „добра вест“ или со фотографии создадени за време на бомбардирањето.

А ниту политичарите не им одолеаја на ваквите коментари вчера …

„Еве, ветувам дека лично ќе го почестам вирусот кој  ќе направи ѓубрето Хавиер Солана да цркне“. Сосема нормално е српскиот народ да се радува што такво чудовиште кое направи сé што направи за нас, сега е во проблем – вели претседателот на српската радикална партија, Воислав Шешељ, во свој стил.

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски од Заветници ја опиша здравствената состојба на поранешниот генерален секретар на НАТО како „колатерална штета“ на коронавирусот.

– Не се радувам на туѓа несреќа, па дури и кога станува збор за Солана. Сепак, јас припаѓам на огромното мнозинство народ во Србија кои не чувствуваат особена грижа за неговото здравје. Ниту Солана не се грижеше за децата на нокширчиња, бремените жени во породилиштата, луѓето во возовите и на мостовите. Така, денес можеме да ја наречеме неговата состојба само колатерална штета на корона вирусот, како што тие ги нарекуваа нашите жртви – рече Стаменковски Ѓурѓевиќ.

Related posts

Leave a Comment