Половина час по полноќ заборавени во возило на булеварот Видео Смилевски – Бато во скопската наслеба Ново Лисиче, биле пронајдени две деца, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, потврдуваат од МВР .
По интервенција на соседите, дошла полиција по што биле скршени прозорците на автомобилот, а децата се извадени и пренесени на скопските клиники.
Засега нема информации како децата останале сами во автомобилот. Повеќе информации од МВР најавија за подоцна во текот на денов.