Европа

Шпанскиот Премиер: Европа мора да се подготви за најлошото сценарио

Европа мора да се подготви за најлошото сценарио – целосен прекин на испораката на руски гас оваа зима, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

Тој истакна дека никој не знае што ќе се случи, па ни Владимир Путин, пренесува Ројтерс.

„Ниту рускиот претседател веројатно не знае какви чекори ќе преземе, но најверојатно е целосно исклучување на рускиот гас во Европа“, рече премиерот, говорејќи во шпанскиот парламент.

Санчез рече и дека владата ќе ја ограничи цената на гасот за индустријата.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!