Свет

Шпигел: Кина побарала од СЗО да го одложи предупредувањето за епидемијата на коронавирус

Германското списание „Шпигел“ објави извештај во кој тврди дека Кина побарала од СЗО да го одложи глобалното предупредување за појава на епидемијтаа на коронавирус.

Наведувајќи ги податоците на германската разузнавачка служба БНД, списанието наведува дека кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, на 21 јануари, побарал од СЗО да ги прикрие информациите за пренесување на вирусот од човек на човек и да го одложи предупредувањето аа пандемијата „Ковид 19“.

БНД проценува дека четири до шест недели се изгубени поради кинеската информативна политика за борба против вирусот ширум светот, се наведува во извештајот.

Светската здравствена организација реагираше на овие тврдења, нарекувајќи ги „неосновани и невистинити“.

„Тедрос и претседателот Си не зборуваа на 21 јануари и никогаш не зборувале по телефон. Ваквите неточни обвинувања го свртуваат вниманието од СЗО и напорите на светот да се запре пандемијата„ Ковид 19 ““, се вели во соопштението на СЗО.

Како што се додава, на 20 јануари Кина потврди дека новиот вирус се пренесува од човек на човек, а тоа било пред наводниот телефонски разговор.

„СЗО на 22 јануари јавно објави дека собраните податоци укажуваат дека во Вухан се случува трансфер на вирусот од човек на човек “, се наведува во соопштението.

Loading...

Related posts

Leave a Comment