Свет

Шредер: Војната во Украина е последица на политички неуспех

БЕРЛИН – Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер првпат се изјасни за војната во Украина и оцени дека таа е последица на политички неуспех.

Според германските медиуми, Шредер на конференција во Турција истакнал дека конфликтот е последица на тоа што по Студената војна не била воспоставена соодветна безбедносна архитектура.

„Не воспоставивме безбедносна архитектура која ќе ја земе предвид променетата ситуација по падот на Берлинскиот ѕид“, рече тој.

Шредер истакна дека Европа се уште се соочува со големи предизвици, како последица на руската војна во Украина.

Националниот суверенитет долго време е илузија, рече поранешниот германски канцелар, посочувајќи на предизвиците како што се миграцијата, безбедносните закани и глобализацијата.

Шредер рече дека Европа, како последица на војната, ќе ги прошири своите капацитети и одбранбени потенцијали.

„Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, и во ЕУ и во НАТО“, рече тој.

Сепак, рече тој, Европа не треба да се ограничува само на војската.

Related posts

Leave a Comment