Македонија

Штериев: Едногласна одлука за постапката за разрешување на Јанева

 

Со едногласна одлука на сите 9 члена, Советот на јавни обвинители претпладнето ја отвори постапката за разрешување на шефицата на СЈО за нестручно и несовесно работење. Одлуката следи по анализирањето на обемниот материјал за случајот Рекет, во кој Јанева се води како осомничена, но и нејзиното постапување во предметот „Империја“.

„Извештајот ќе содржи…бидејќи сме лимитирани да изнесуваме податоци, имиња и презимиња, ќе содржи содржеток кој ќе ги преслика еден дел од исказите кои според нас се значајни за Собранието да има пред себе утврдени факти за понатмау да предложи до нас  разрешување или нема да предложи. Ќе содржи според наша проценка доволно податоци кои законот ги бара за да може да постапува Собранието“, рече Коле Штериев – претседател на Совет на јавни обвинители.

Очекувањата на Штерјев се дека извештајот денеска или најдоцна утре, Советот ќе го достави до Собранието. Во законодавниот дом, треба да помине низ комисиско разгледување и подоцна да се најде на пленарна седница, каде со двотретинско и Бадентерово мнозинство, ќе треба да утврдат предлог за разрешување на Јанева. Потоа, предлогот повторно се враќање на одлучување во Советот.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, во изјава за медиумите рече дека е добро што Советот пружил отпор на притисоци и влијанија за носењето таква одлука.

„Јас во текот на денот започнав начелни консултации со господинот Џафери и со дел од координаторите на политичките групи и го очекуваме извештајот. Во моментот кога ќе го добиеме извештајот ќе постапиме во насока за запазување на некоја динамика на постапката“, рече Илија Димовски – пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Во случај да се разреши Јанева, пак, Штерјев вели дека постои опција за избор на нов шеф на СЈО, кој најверојатно би се одбрал од редовните обвинители, а не од специјалното обвинителство.

„Член 9 став 3 или 4 вели дека мандатите на јавните овинители не можат да го надминат мандатот на јавната обвинителка. Што значи тоа, кога ќе имам причина да зборувам и ако некој мисли дека е релевантно моето мислење,  ќе го кажам тоа“, додава Штериев.

Инаку, денеска истече и мандатот на Коле Штерјев како претседател на Советот. Седницата на која требаше да се избере негов наследник беше планирана за денеска, но поради одлуката за Јанева, се премести за утре. Тој стапи на функцијата на крајот на август 2017-та година. Мандатот трае 2 години без право на реизбор.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!