Новак Ѓоковиќ го заврши УС Опен во осмина финалето поради повреда на левото рамо што го мачи уште од почетокот на турнирот. Српскиот ас му го предаде мечот на Швајцарецот Стен Вавринка на 4: 6, 5: 7, 1: 2 и го заврши грен слем турнирот во Њујорк каде не успеа да ја одбрани титулата освоена минатата година.
Новак не го напушти теренот лесно и покрај болките. Се бореше како лав против еден ривал од кој беше поразен во финалето на овој турнир во 2016 година. Иако се виде дека на теренот не е вистинскиот Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот не се предаде без пот. Во првиот сет, тој му дозволи на ривалот да направи брејк во петтиот гем, но откако претходно самиот имаше вкупно три шанси да го однесе сервисот на Швајцарецот. На крајот на првиот сет резултатот беше 6: 4 за Вавринка по 47 минути игра.
Уште поголема борба се водеше во вториот сет, кој траеше четири минути подолго од првиот. Ѓоковиќ поведе со 3: 0, но не издржа. Вавринка направи брејк во седмиот гем, а во единаесетиот гем уште еден што го освои вториот сет и го направи резултатот 2 : 0 во сетови во негова корист.
Во тоа време српскиот ас побара лекарска помош и беше јасно дека ќе биде тешко да се врати во игра. Многу брзо, откако го загуби сервисот, на резултат 1: 2, тој реши да стави крај на маките и да го предаде мечот, а дел од публиката му свиркаше додека се движеше кон соблекувалната.
– Во прашање е левото рамо, за жал. Не сакам повеќе да зборувам за повредата, доволно е да кажам дека е во левото рамо. Само што се повлеков од турнирот, но секако се ова е болно – рече Ѓоковиќ за медиумите по натпреварот.
6-4, 7-5, 2-1 (ret.)@stanwawrinka returns to the QF after Djokovic retires from the match.#USOpen pic.twitter.com/3cGoWzcE0b
— US Open Tennis (@usopen) September 2, 2019