Фудбал

Матео Дармијан: Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед потпиша четиригодишен договор со Парма

 

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан, се приклучи на италијанскиот  клуб од Серија А, Парма, со кој потпиша четиригодишен договор.

29-годишникот беше доведен во Манчестер од поранешниот шеф на „Олд Трафорд“, Луис ван Гал од италијанскиот клуб  Торино, во трансфер вреден  12,7 милиони фунти во јули 2015 година.

Италијанскиот интернационалец  оствари 92 настапи за клубот, помагајќи да се освои ФА Купот во неговата прва сезона.

Сепак, тој имаше само седум настапи за Јунајтед минатата сезона .

Дармијан играше само 13 пати за клубот од декември 2017 година и неговиот договор требаше да истече во 2020 година.

Неговиот потег доаѓа откако неговиот колега дефанзивец Крис Смолинг замина на позајмица во Рома на, додека напаѓачите Алексис Санчез и Ромелу Лукаку му се приклучија на Интер.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, беше подготвен да го пушти Дармијан да замине, а Италијанецот изјави дека сака да си оди пред 12 месеци

Related posts

Leave a Comment