Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, тренираше пред Мастерсот на АТП 500 во Токио, што се одржува од 30 септември до 6 октомври.
Српскиот репрезентативец за прв пат во кариерата ќе игра во главниот град на Јапонија, а негов ривал на стартот на турнирот ќе му биде австралиецот Алексеј Попирин, во вторник наутро по централно европско време.
Ѓоковиќ од УС Опен и предавањето на мечот на Стан Вавринка во осмина финалето не играше, а се чини дека нема да има поголеми проблеми со рамото.