Реакции

ЈАДРАНКА БИБАН : НЕ Е ДО МЛАДИТЕ, ДО ВАС Е БРЕ ТИКВАРИ!!

Фотографија на Јадранка Бибан.

Три дена читам како младите го упропастиле Охрид, ги загадиле езерото, плажите, играле, пееле, ќе го напраеле Охрид втор Вухан!!

Младите се за тоа, да играат, да се дружат, да пеат, да се сексаат, да се вљубуваат, да пркосат, да се штитат еден со друг… Затоа нив “ковидот” не им значи ништо, ниту ги плаши. Е да и тие можат да се разболат, па дури и и кога биле здрави им измисливте глупост дека можеле да ве заразат вас, постарите, попаметните кои им ја уништивте младоста им го уништивте сонот, можноста за реализација, за креација.
Вие бре Уништивте цела држава, младите ги разбркавте по странсрво на модерна печалба и понижувања по странските газди.
Не е до младите, до вас е бре тикви недоделкани, зашто го ебевте цел систем. Уништивте држава што младите ја изградија, преку младински работни акции. И тие млади ноќе лумпуваа по младински кампови, се забавуваа, се сексаа, се разболуваа и оздравуваа, а потоа градеа цели пруги, патишта, хидроцентрали! Зошто? Затоа што имаа мотив, гледаа иднина и можност за самореализација, за создавање, за креативно себеостварување. Е овие млади го немаат тоа! Вие им го одзедовте! Ако не беше вашето тикварско однесување последниве триесет години, сабајлето Охрид ќе беше чист ко солза, младите сами ќе го исчистеа и тоа со задоволство.
И не туку ги плашете со некаков си “ковид”, да ве ебе и “ковид” и слични на “ковид”, млади луѓе се тоа, знаат многу добро што е ковид и што прави тој по цел свет, не треба вие тоа да им го кажувате. Додека вие ја чекате информацијата вечер на сител или телма да ви ја кажат тие не само информацијата туку и целата конструкција околу неа ја знаат во истата секунда!!
Да живее младоста, без нејзината “лудост и невоспитаност” само “ковидот” ќе ни остане!

Јадранка Бибан

Related posts

Leave a Comment