Проза

ЈАН КУЛ – АВТОБИОГРАФСКИ РОМАН ,,АКАДЕМИЈА АРБАТ” : (Глава Трета) Хотел ,, Интурист ,, – Москва

ЈАН КУЛ – АВТОБИОГРАФСКИ РОМАН ,,АКАДЕМИЈА АРБАТ”

(Глава Трета) Хотел ,, Интурист ,, – Москва

 

Воздушното патешествие до Москва имаше продолжителност од околу два  и три- четврти часа , а времето во нив , беше исполнето со неизвесност . Се разменувавме  со по некоjа дума со наjблиските сопатници , колку да го исполниме растоjанието меѓу двата града. Повеќето од сопатниците  го познаваа само аеродромот Шереметјево , на коj што требаше да слетаме , за потоа да продолжат кон разни одредишта на огромната земjа во владение на штотуку распрснатиот СССР и неговиот наследник – Руска Федерациjа. Сакавме да дознаеме , споjлери , за Москва и неjзините специфики . Но нашите сопатници знаеjа за ,Златоглавата , помалку дури  и од нас.
Побрзо од нашите очекувања , а подолго од половина час , густата река од патници кои пристигнуваа ежеминутно на  Шереметјево, а во коjа што  ,,пливавме,,  и ние дваjца , ги помина аеродромските процедури и се упативме  во самиот центар на огромната сала.
Според упатствата раскажани од Крис , дадени од Мери – ние требаше да го чекаме претставникот на Касино Австрија во средината на салата за среќавање патници.
,,… Дадени му се на локалниот човек – шоферот  ваши копии од фотографиите што ги испративте . Чекаjте го околу централниот дел на салата . Можеби ќе задоцни  ,малку, ( клучен збор на фразата ) , заради големиот сообраќаен московски метеж.,,- не инструктуираше Крис при нашиот последен телефонски разговор .
Следните три часа , Штица и jас ги ,,убивме ,, намотуваjќи кругови во радиусот на : сала за патници- паркинг за таксисти. Иако , терминот -паркинг , во конкретниов сучаj значеше ; во полукруг ,како што се движеа контурите  на тротоарот околу предворjето од зоната , полетување, беа паркирани возила од различни по возраст и авто-завод типови и модели . Во тоа време бевме запознаени со неколку репрезенти од  советската авто- индустриjа. Вечерта коjа  што нечуjно преоѓаше во ноќ ,пред нас , руските автомобили  се покажаа во сета своjа разноликост. Откриваjќи едновремено ; автентична  , надреалистична упорност во пркосење на западните трендови. Глетките  , ловени низ подоцнешните години   во тие географски широчини , кога покраj заснежените патишта   беа затрупани  со гротескна накривеност : Мерџовци , Бамбури , Ауди- Мауди ,  … и уште многу други ,, неадекватно екипирани ,, нивни американски , jапонски… колеги ,  сцените на извртените гиздави транспортни сретства , помагаа да се разбере практичноста на руската автомобилска индустриjа.
… Ноемврискат , постудена  од свеж воздух – ава  не принуди да побараме , асистенциjа , од  преостанатите приватни таксисти , кои од  такси опрема имаа автомобил и ценовник до Москва.
Крепеjќи   ги двете подлактици на , таванот , од средновечна Волга и со наjширока нехоливудска насмевка , во нас гледаше корпулентен чичко во раните 70-ти години од неговиот пат по Земjата. Привлечени од неговата ,неискварена , физиономиjа , застанавме од спротивната страна на неговото ,потпиралиште,:
,, Москва ,… скољка ? – искористив дел од своjот руски вокабулар.
,, Трицет … баксов .- одговори насмевнатиот.
,, Штица , дане имаш уште пет долари … некаде… заборавени ?, Кратки,  сме му на чичково.,,
,, Евентуално во , каубоjкиве, да проверам.,,- се пошегува Штица.
,, Ви сами , откуда ?,,- следеше разговорот , налик на квиз. Прашања , без ниту еден одговор.
,, Македониjа , до неодамна- Jугославија.,,
,, Македонци ? Југослави ? Ну , что ви братjа малчите ? Вам куда , Москва ? Ви знаете куда вам идти ?,,-   се исправи , чичкото , над Волгата.
,, Да , Москва . Хотел ,, Интурист ,, . ,, – интервенираше Штица , со интонациjа како да сакаше да му каже на ,насмевнатиот , – Убава била работава , како не сме знаеле ! . Знаеме точно каде не  чекаат ! ,.
,, Имаме само пет ,, слободни ,, долари. Како да се добериме до ,, Интурист ,, ?Автобус , метро , тролеjбус ?- поставив немушто прашање , иако знаев дека единствен транспорт до Москва е -такси. Немушто прашање според формата , но трогателно по своjата природа.
,, Даваjте заходите в машину. Холод сабачjи начинает се,, – гледаjќи во ѕвезденото небо  изусти , насмевнатиот ,.   ,,Jа домоj иду , подброшу ,,- ни предложи чичкото , на чие лице   сеуште , како да ужива во мразот , лежеше насмевка.
Патот до Москва продолжи во  триалог на два jазика кои што иако илjадници километри далеку , живеат во иста jазичната матрица ,исткаена  и надградувана од Буквиците , Глаголицата и Кирилицата. Без разлика на броjот и местонаоѓањето на самогласките во името  на зборовите  како нивна форма , согласките се – суштината во таа jазична матрица , и секогаш остануваат  непроменети  ( пример- крава , корова , карова.О и А ,  променливи  – форма на зборот.  К. Р, В константа- суштина )   .  Други , сродни зборови , ја добиле својата противположеност , па така , вреден , од штетен – станал полезен и доблесен. , Право – станало  скршнување десно , но , љубов , вера и надеж , останале со истата енергиjа овде и таму. Се разбиравме , користеjќи различни диjалекти на еден древен jазик , – тоа беше единствено важно.
… Месечината веќе го  испила наjголемиот дел од патот , а ние се наjдовме во историскиот центар на градот , подигнат на реката Москва. Насмевнатиот чичко се запре пред влезот од, нехармонично , со своето опкружување , високо и сиво здање , со трепкачка реклама над високиот влез . Интурист , Касино Габриела – подмигнуваа разнобоjните сиjалички , дополнуваjќи jа какафониjата од звуци и слики , коjа царуваше на улицата Тверскаjа во ниедното време од ноќта.
Ги извлеков , сквадратираните , пет долари од аголот на предниот џеб на фармерките , ги , одквадратирав , и му ги подадов на чичкото
 ,, Спасибо баљшое  … благодариме … фала многу … ептен ,, !!!,,
Повторно  ,искрена насмевка ,коjа соперничеше со , светлината , од полнообразата Месечина   ,  високо подигната  стегната тупаница во знак на поддршка упатена кон нас , и, Насмевнатиот во Волга , полека исчезнуваше во колоната  на возила , кои итаа  во правец на Белоруската станица.
Застанати пред скалилата од Интурист запаливме по едно , марлборо , ( стил – пред се ) и ги втренчивме погледите на Црвениот Плоштад ,кој што  импресионираше одалечен на  нецели 200 метри, преку осумте редови автомобили и неколкуте монументи .
,, Како се викаше чоеков ? ,,- меѓу две  вдишувања амониум- диоксид праша Штица.
,, Фрли зад  себе леб , за да наjдеш  пред себе леб,, – изгледа  беше името на насмевнатиот таксист .  Тоj беше првиот добротвор , во  редот – нему сличните , со кои ни се вкрстиjа патиштата во чудесната северна земjа.
  Откако , дисциплинирано ги фрливме изгаснетите  опушоци во наjблиската корпа за отслужени нешта , влегловме во фоаjето на соц-реалистичниот хотел. Обезбедувањето веднаш го забележа нашето присуство, и  ни приjде со строги чекори.
 Кога разбраа дека сме поканати од казиното во улоги на нивни соработници , едниот речиси отрча низ вратите со на натпис : Стаф онли . По некоjа минута , од таму излезе во придружба на лице кое ме потсети на повозрастениот Могли. Истите : кандрава коса , крупни црни очи и тело на тинеjџер. Имаше изморен поглед и рамнодушност во неговата накалемена насмевка  изгледаше како – ,, Мое сочувство момци !,,.
Нити- беше името на индискиот- Британец. Неговиот ,, маjчин ,, јазик звучеше како субтитл на Питер Селерс.Не инфо.дека тоj е ЏМ ( Генерален Менаџер ) во Касино Габриела – Москва , ни посака ,, добродоjде во Пеколот ,, и рече да го причекаме шоферот ,коj ќе на одвезе до нашето привремено живеалиште. Истиот тоj шофер требаше следниот ден мене да ме врати назад во Интурист , на моjата ,премиера, во Габриела. Возејќи cе кон Москва , во Волгата  го подгревавме незадоволството од лошата рецепциjа на идните соработници на прочуеното Касино- Австриjа , но нитиевата малаксалост и анемичното ,, Добродоjдовте ,, го згаснаа пламенот на големите очекувања. Едноставно , многу  дилери , инспектори , пит-босови , менаџери , касиери , обезбедувачи , од цела планета Земjа , кои го комплетираа персоналот на казиното Габриела . А таа ,  се раѓаше на очиглед  со , енормен , за новороденче  апетит. Фанфарите останаа тивки во чест  нашето доаѓање во казиното Габриела , хотелот Интурист и заспаната убавица Москва.
 Да не ми беше историjата интересна област , да не беа прикажувани сцени од главниот град на СССР во , штанцаните , на Авала Филм – советски филмови , да не беа сеуште живи раскажувањата од Маjсторот , за Москва ќе знаев толку – колку што знаев и за Сириус Б. Ништо. Оттука и необjасниво ми беше чувството на припадност кон Москва , наместо на- Вие почнав веднаш да и се обраќам на- Ти. Не и доjдов дома  како редок гостин  коj претендираше  на допадливост. Ниту предаторски мотиви ме движеа кон Златоглавата. Како низ топол базен пливаше Волгата, со нас во неjзината утроба , од Шереметjево до Москва. Милина се ширеше , и чиниш како прегратка ја обви  престолнината…   Jас се вратив дома…
  Чудно , но овоj пат шоферот навистина се поjави и заедно се упативме кон гаражата во задниот дел од хотелот. Низ многуброjните  ходници на , одморалиштето за возила , стигнавме до нашиот превоз коj што од себе  претставуваше УАЗ- 450 , буханка , ( векна леб ). Удобно сместени во неговата внатрешност , долго се возевме низ градските улици , за наjпосле  да преминеме во подмосковската  тивка околина. Месечевата  светлината во заоѓање го осветлуваше пансионатот ( подоцна разбравме дека таквите комплекси се нарекуваат – санаториуми , и служат за одмор надвор од градскиот метеж ) – Паљот.
Се сместивме во  двокреветна соба , сместена на вториот кат , со спартански ентериер. Два кревети ,  исто толку комоди , масичка со пар столчина и умивалник . Целокупниот  мебел  jа живееше   , втората младост , одолеваjќи им на човековите навики. Зимските дебели jакни ги затворивме во ѕидниот шкаф. За тоалетните потреби се грижеше санитарниот jазол сместен во долгиот ходник.
Вечеравме  или ,рано доручкувавме, од сендвичите комплетирани дома , кои само jа зголемиjа чудната меланхолиjа заседната во нашето преноќевалиште.
,, Чим  го одработиме првиот месец , веднаш заминуваме од оваа место . Уште веднаш ќе се распрашаме меѓу колегите – странци за начините како би можеле да изнајмиме стан.,, –  предложи Штица ,очигледно невоодушевен од собата во коjа се наоѓавме.
 Климнав , во знак на согласност , а во мислите , на плажата во Градиште  шетавме со  Кико и неговата маjка … на момент , повторно jа предоживеав  неговата топла  детска прегратка , застината во времето , на охридскиот аеродром. Ред надеж , ред тага , па копнеж , jа полнеа навлаката на првата московска ноќ.

 

 

Продолжува

Loading...

Related posts

Leave a Comment