Занимливости

Јеховините сведоци фатени за нелегалнo прикажување на филмови за деца во Шведска

 

Забранети во неколку земји, Јеховините сведоци, очигледно, имаат филмска индустрија во висина од милиони долари, со цел да се допре до децата.

И покрај тоа што биле осудени во окружниот суд за прикажување на филмови кои не биле одобрени од шведскиот Државен совет за медиуми, Јеховините сведоци ги продолжиле проекциите на летни собири. Неколку нови полициски пријави се поднесени, соопшти Шведската национална телевизија СВТ .

Проекциите во голем дел се проповеди на Јеховините сведоци и често се сметаат за алатка за индоктринација од страна на противниците на организацијата.

“Во филмовите има многу јасна порака: не смеете да станете како злите, бидејќи тие ќе бидат уништени на судниот ден. Да слушнеш дека твоите соученици од училиште ќе умрат, бидејќи Јехова ќе ги убие, мислам дека тоа е премногу за едно дете “, изјави Сара, поранешен јеховин сведок, која ја напушти организацијата како млад тинејџер, за СВТ. Со сопственото искуство, таа се бори да ги заштити децата на  јеховините сведоци.

Во еден од филмовите има мајка која ја опоменува нејзината ќерка, да не ги слуша советите на наставничката за семејни прашања. “Сите размислуваат поинаку за тоа што е исправно и погрешно. Но, најважно е што мисли Јехова. Тој сака да бидеме негови пријатели и да живееме во рајот засекогаш, но ние мора да ги следиме неговите правила за да стигнеме таму “, вели мајката.

Според СВТ, Јеховините сведоци управуваат со повеќемилионска филмска индустрија посебно насочена кон децата. Само Шведската веб-страница на организацијата има 365 филмови.

Во април, лидерот на заедницата беше осуден од страна на окружниот суд за прикажување на филмови на детски настан кои не биле одобрени од страна на Државниот совет за медиуми . Подоцна, пресудата беше обжалена од страна на Јеховините сведоци, меѓу другото, алудирајќи на верската слобода и слободата на изразување. Собранието продолжува да ги прикажува филмовите на нивните состаноци додека чека одлука од Апелациониот суд.

Даг-Ерик Кристоферсен, службеник на прес-службата на Јеховините сведоци во Скандинавија, истакна дека организацијата дури и “отиде подалеку од она што е потребно” со тоа што доби сертификат за објавување од Управата за печатот, радио и телевизија.

Според Нилс Функке, експерт за слобода на говорот, организацијата неправилно го толкува законот, бидејќи прегледот од Советот за медиуми е задолжителен за материјали кои се насочени кон децата и се прикажуваат во јавноста.

Јеховините сведоци се реставраторски апокалиптичен нетројствен огранок од главното христијанство со седиште во Ворвик, Њујорк. Тие веруваат дека уништувањето на сегашниот светски систем во Армагедон е неизбежно, и дека воспоставувањето на Божјото царство на Земјата е единственото решение за сите проблеми со кои се соочува човештвото. Тие се најдобро познати по проповедањето, дистрибуцијата на литературата и филмовите од врата до врата, како и одбивањето на воената служба и трансфузијата на крв. Според Питер Аркбак, доктор на историјата на религијата во Стокхолмскиот Универзитет, организацијата има неколку “секташки” особини, како што е желбата да се исклучат од општеството.

Шведскиот огранок на Јеховините сведоци, активен од 1909 година, се проценува на над 20.000 следбеници. Вкупно, организацијата има околу 8 милиони следбеници низ целиот свет.

Нејзините верски активности се забранети во неколку земји, вклучувајќи ги Русија , Кина и Виетнам.

Related posts

Leave a Comment