Македонија Политика ФБ Статуси

Јорданка Ивановска Јоци : Па, луѓе, вие како Влада паѓате со ова видео директно во пеколот на Данте.

 

Е, не, ќе ја чекаат Вилма да се врати од одмор. И Зоки да се одлучи што ќе прави со сињора Катица.

Муабетот каде на Камчев му кажуваат дека ќе биде ослободен сигурно од Врховен, пошто сињора Катица нема да употреби вонредни правни лекови, е после првата минута. Што и навистина се случи во наведениот период.

Па, луѓе, вие како Влада паѓате со ова видео директно во пеколот на Данте. Корупција, рекет, Врховен, обвинители, политичари, цел систем е девастиран. 
Па, дајте не ја правете јавноста глупава дека Боки е ,,капо ди тути капи” кој ослободувал луѓе преку Врховен. Тука е вмешана цела армија од судии, политичари, обвинители, Боки бил само извршител. Носач на куферчиња.

Досега требаше сите инволвирани во оваа мафијашка ствар да ги пикнете во затвор и да се исчистите. Вие два месеци ги спасувате.

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!