Македонија

ЈСП повторно воведува билети за едно возење

 

 

Хартиените билети за возење во јавниот превоз низ Скопје ќе бидат вратени за користење од септември оваа година. Целта е да им се помогне на патниците кои често не ги користат автобусите, особено оние кои доаѓаат надвор од Скопје и не можат да обезбедат електронски картички. Градоначалникот Петре Шилегов не откри која ќе биде цената на билет. Ќе се одлучува во Советот на градот.

Граѓаните го поздравуваат враќањето на билетите за една употреба. Некои од оние со кои зборувавме ги критикуваа електронските картички како неуспешен проект. Најостри се граѓаните кои доаѓаат надвор од Скопје бидејќи поради тоа што немале електронски картички морале низ Скопје да плаќаат такси.

Електронските картички се во употреба од 1 јануари 2017 година. Моменталните цените за возење чинат од 25 и 35 денари, а ако плаќате со мобилен телефон, билетот чини 45 денари за едно возење.

Related posts

Leave a Comment