Македонија

Љубомир Цувуловски: Да бараш подршка за својата земја (Украина) среде главниот град на Република Македонија, именувајќи ја со наметнатото и грозно име Република Северна Македонија е повеќе од безобразие!

БЕСЧУВСТВИТЕЛНО БЕЗОБРАЗИЕ.

Да бараш подршка за својата земја (Украина) среде главниот град на Република Македонија, именувајќи ја со наметнатото и грозно име Република Северна Македонија е повеќе од безобразие.

Тоа е несфатливо непочитување на Република Македонија и на нејзиниот народ и тоа во време кога твојата земја (во случајот Украина) е загрозена, онака како што и Македонија цело време е загрозена. Тоа се случи вчера од страна на дел од организаторите на протестот за подршка на Украина. Прво, тоа беше направено за време на самиот протест од извесна особа, чие име не сакам ни да го запаметам. Потоа, истата особа, во изјава за скопската Телевизија 24 (дадена пред Амбасадата на Украина во Скопје) повторно се служеше со наметнатото име, кое не помина на референдумот од 30.09.2018 година и без потпис од Претседателот на Република Македонија. Токму систематското повторување на бесмислената и крајно навредлива кованица „Република Северна Македонија“ говори дека не станува збор за случајна грешка, туку за свесен акт.

 

Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!