Македонија

Љубомир Цуцуловски : Бидете ,,хумани” со постарите лице како што сте со домашните миленици, дозволете им да прошетаат барем три пати на ден

ПРЕДЛОГ

Знам, празник е. Треба да се одмараме, да се веселиме, дружиме. Меѓутоа, треба и да мислиме за иднината – како за нашата, така и за генерациите кои сѐ уште не се дојдени, но кои ќе дојдат. Затоа и го постирам следниот текст:

Со почит и однапред благодарен, јас доле непотпишаниот им предлагам на нашите хумани и, над сѐ, мудри власти методот што го применија врз домашните животни, сега да го применат и врз постарите лица – од 65 години, па натаму. Нека им дозволат, во придружба на нивните деца или внуци (може и комшии), да прошетаат барем три пати на ден, по половина час. Нормално, со неопходната опрема – ланец околу вратот и корпа околу устата, бидејќи касаат. Со таа одлука, ќе се постигнат најмалку две цели: ќе покажат грижа за потребите на старите и, од друга страна, младите ќе добијат бонус излегување и, токму затоа, ќе гласаат на наредните избори за нив и за никој друг.

Се надевам дека предлогов ќе наиде на широка подршка кај властите и, особено, кај хумано-загрижениот Венко Филипче

Љубомир Цуцуловски

Loading...

Related posts

Leave a Comment