Колумни

Љубомир Цуцуловски : Во оваа земја веќе не се знае кој со што раководи и дали некој воопшто со нешто раководи

КОЈ СО ШТО… Во оваа земја веќе не се знае кој со што раководи и дали некој воопшто со нешто раководи, освен ако под раководење со една држава не се смета личното самоволие и безобѕирните хирови од секакви видови и типови. Се менуваат и назначуваат директори како кому ќе текне; се преговара некаков си интелигибилен „влез“ во ЕУ, со распродажба на историјата на цела една нација и цела една држава, вклучувајќи ги и самите нив; борбата/мерките против ковидот се сведуваат на мерки кому се познати на секој просечно образуван осомооделенец (миење раце, носење маски и катастрофални рестрикции), наместо да се зајакнат медицинските капацитети, да се ангажира и мотивира што поголем медицински кадар, сеедно дали е пензиониран или е на пат да дипломира, како што се апсолвнтите по медицина, фармација или виши медицински сестри пред дипломирање. Барем толку пари за нивно времено вработување можат да се најдат, наместо во вработувањето да се применуваат секакви „француски“ клучеви по етнички принцип.

Во сета оваа какофонија, опозицијата наместо да згрми во Собранието и да се повика на сите легални (повторувам, легални!) методи за жесток притисок врз власта, со денови организира неубедливи/млаки демонстрации низ градовите на Македонија, заради поскапувањето на електричната енергија, како сѐ да е решено во Државата, па останува уште тоа да се реши. Со вакви партиски и политички капацитети (сеедно дали се на власт или во опозиција) држава не се гради, уште помалку се сочувува.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment