Македонија

ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ : ЕНДЕМСКО ЛУДИЛО

ЕНДЕМСКО ЛУДИЛО. За она што се случува во Македонија, како и за она што допрва ќе следи како логична последица од досегашното практикување на власта, некои не само што морално и политички ќе одговараат, туку ќе одговараат и правно за сите прекршување и извитоперувања на законите и Уставот, бидејќи Македонија не е ничија прчија, ниту е некому дадена со неа да се поткусурува како што ќе му текне. Притоа, не мислам само на бројните договори, преговори или спогодби за „подобри“ меѓусоседски односи, ниту на менувањето на името и историјата, бидејќи клоаката на непромисленоста, која сѐ повеќе добива на интензитет, се продлабочува и проширува. Ќе се послужам со само еден пример.

Скопје е ставено под карантин, бидејќи било жариште на зараза. Тоа значи дека движењето во градот ќе биде целосно забрането во нарените три дена. Сепак, не е забрането напуштањето/излегувањето од градот, кое веќе масовно започна кон помалите места во земјата. Така, заразата во Скопје нема да се шири (или се претпоставува дека нема да се шири), меѓутоа од Скопје кон другите места ќе се шири, преку масовното напуштање на градот. Во ваква ситуација ни глуп, ни тотално луд не може да се снајде. Власта, сепак, се перчи со своите решенија.

ФБ Статус на Професор Љубомир Цуцуловски

Loading...

Related posts

Leave a Comment