Македонија ФБ Статуси

ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ : ЛОГИКА И СТОКА

ЛОГИКА И СТОКА.

Целта на скратеното работно време на дуќаните, како и на услугите воопшто, било да се намалат турканицитете. Останува уште да се објасни како турканиците ќе се намалат, ако работното време се намалува, а бројот на потрошувачите останува ист. Ова е или апсолутно отсуство на секаква логика или замајување на граѓаните, третирани како стока, на која може сѐ да ѝ се поттури. Патем, концентрацијата на луѓето, кои се наоѓаат на ист простор и во исто време, наместо да се намалува, се зголемува. Кој може во ова да се снајде, нека повели да објасни.

ФБ Статус на професорот Љубомир Цуцуловски

Loading...

Related posts

Leave a Comment