ФБ Статуси

Љубомир Цуцуловски : Насилие и фактите

НАСИЛИЕ И ФАКТИТЕ. Хегел семтал дека вистинита не е во детаљот/фрагментот, туку дека е во целината, во т о т а л и т е т о т. Затоа, без увид во целината, не е можна и вистината. Или, ако е можна, тогаш е можна како д е л у м н а, парцијална вистина, која наместо да ги осветлува, уште повеќе ги заматува работите. Ако во градот А има сто заболени, исто како и во градот Б, тоа не значи дека двата града се наоѓаат во иста состојба/ситуација. На пример, градот/местото А има вкупно 100 жители, за разлика од градот/местото Б кое има 10.000 жители. Од ова следи дека градовите/местата А и Б не се во иста состојба и дека, според тоа, 100 заболени во едно место не се исто што 100 заболени во некое друго место, макар цело време се манипулирало со веродостојни бројки. Или, во Земјата АУ има 30% невработени, исто колку што има и земјата АХА. Сепак, од тој таканаречен факт не следи дека и двете земји/држави се наоѓаат во иста ситуација и дека методот/средствата за излез од неа ќе бидат исти. Во АУ има 30% невработени, како резултат на нејзината технолошка неразвиеност, за разлика од земјата АХА во која невработеноста од 30% е резултат на високата технолошка развиеност. Затоа АУ (види чудо!) ќе мора да применува поинакви средства за излез од кризата, отколку земјата АХА.

Едноставно, голото набројува на податоци ништо не кажува ако тие не се доведат во корелација со целината, со другите околности. Оттука, македонските власти – како и светските власти, вклучувајќи ја СЗО/WHO – ќе мора да се навикнат кога нешто соопштуваат тоа нешто да го прикажат во неговиот тоталитет/целина, наместо тоа да го прават издвоено/фрагментарно, бидејќи во тој случај нудат фрагментарна, парцијална, што значи делумна вистина. Во спротивно, како што предупредувал познатиот унгарски филозоф Ѓерѓ Лукач (хегелијанец-марксист) нужно се завршува во factum brutum, т.е. во вулгарна бруталност, односно во брутално насилие врз фактите.

P.S. Затоа, кога се соопштува бројот на новозаразени, нужно е да се соопшти и бројот на тестираните, како и структурата на примерокот тестирани

Loading...

Related posts

Leave a Comment