Став

Љубомир Цуцуловски: Нејасно е, или мене ми е нејасно, зошто и со каква цел вчера дојдоа во Македонија Оливер Вархеји и Аугусто Сантош Силва, бидејќи Бугарија, а не Македонија, веќе го одби предлогот што го носеа со себе

Цуцуловски

ЗОШТО? Нејасно е, или мене ми е нејасно, зошто и со каква цел вчера дојдоа во Македонија Оливер Вархеји и Аугусто Сантош Силва, бидејќи Бугарија, а не Македонија, веќе го одби предлогот што го носеа со себе.

Логично ќе беше да останеа барем уште еден ден таму, за да ги убедуваат тамошните власти во исправноста на предлогот што го нудат.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење, Костум и внатре

Уште понејасно е зошто уште денес се сјатија (башка, викенд е) министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг; на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек, бидејќи Македонија не е таа (нагласувам уште еднаш) која го одби предлогот, туку тоа го направи Бугарија, па логично би било да заминеа кај неа за да ја уверат во неразумноста на нејзиното одбивање, а не кај оној кој и немаше можност да каже што било за предлогот.

А и да имаше што да каже, прашање е дали нешто ќе кажеше или, по обичај, ќе прифатеше сè што ќе му се предложеше, во духот на веќе легендарната „гостопримливост“ и „конструктивност.“

Професор Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!