Македонија ФБ Статуси

ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ : „ОПРАВДАНИ“ МЕРКИ И МАЈМУНИ

„ОПРАВДАНИ“ МЕРКИ И МАЈМУНИ

Додека светот го преобразуваат во Голбален концетрационен логор, човештвото се држи во целосна информациска неизвесност за вистинските димензии и последици од корона вирусот. Оваа неизвесност може да се разбие единствено со давање на вистински и официјални – (меѓутоа, навистина официјални!) споредбени анализи, кои ќе овозможат увид во вистинската/практична погубност на конкретни заразни болести (во случајов, ковидот-19) со некои други заразни болести. Во овој контекст, приложувам информации за распространетоста и погубноста на туберколозата, преземени од Хрватскиот завод за јавно здраство. Се надевам дека од приложените линкови ќе можете, без чија сугестија, да дојдете до свој заклучок/мислење. Односно, колку короната е опасна и дали мерките што се носат (целосно сопирање на животот на Планетата) се соодветни, бидејќи не е во ред од луѓе да се прават мајмуни, без да им се пружи стварен/целосен увид во стварната состојба. Впрочем, стара вистина е дека делумните информации се дезинформации. Барем да се придржуваат до елементарните методолошки правила – се разбира, ако нашите „експерти“ за сѐ и сешто (најчесто, за ништо) ги знаат.

Линк кон Hrvatski zavod za javno zdrastvo: https://www.hzjz.hr/sluzba-epidemiologija-zarazne-bolesti/…/

Упатувам и кон податоците за туберколозата, превземени од „Vatican News“ (од 1.11.2018.), официјален портал на Radio Vatican на хрватски јазик: https://www.vaticannews.va/…/izvjestaj-svjetske-zdravstvene…

ФБ Статус на Професор Љубомир Цуцуловски

Loading...

Related posts

Leave a Comment