Македонија

Љубомир Цуцуловски : Република Македонија тоне во бездна. Бездната, за разлика од провалијата, нема дно.

 

НЕ ЗНАЕЛЕ… Република Македонија одамна не пропаѓа во провалија, бидејќи секоја провалија, колку и да е длабока, има дно. Има, каков-таков, крај. Денес. Република Македонија тоне во бездна. Бездната, за разлика од провалијата, нема дно. Зато е и без-дна – тоа што нема дна.

Денес, исто така, не е време за пишување коментари и критики, бидејќи самата стварност, како и секој збор, изјава или гест претставуваат коментари сами за себе. Денес е време на „изненадени“ и „навредени“ персони. Не знаеле маските/персони со што имале работа. Поточно, господата Шоиќи „не знаеле“. Можеби еден убав ден македонските Шоиќи ќе се „разбудат“ и ќе „сфатат“ дека одамна не живеат во Република Македонија. Накнадното освестување, токму затоа што е накнадно, е з а д о ц н е т о. Никакви објаснувања, на овој план, не помагаат, ниту оправдуваат, бидејќи секое човечко суштество, ако е човечко суштество, поседува свест. И токму свесните одлуки и постапки наместо да ослободуваат, осудуваат.

 

Професор : Љубомир Цуцуловски

 

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!