Став

Љубомир Цуцуловски: Сосема неразбирливо е бугарското малцинство да влезе како конститутивен елемент во Уставот

ПАРЦИЈАЛИЗАЦИЈА. Нормална и разбирлива е можноста секој припадник на бугарското малцинство во Република Македонија да може слободно да ја изразува својата етничка припадност, без да има какви било последици за тоа.

Меѓутоа, сосема неразбирливо е ова малцинство да влезе како конститутивен елемент во Уставот, на кое (под некакви услови) се сеглосува претседателот на Државата Стево Пендаровски, така и претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски, бидејќи последиците од ваквата одлука ќе имаат несогледливи димензии за целото македонско општество.

Наместо да се оди кон постепено менување на Републиката во правец на граѓански концепирана држава, таа сѐ повеќе и повеќе се етнизира/трибилизира/племенизира. Конечниот резултат, суштински гледано, ќе биде исчезнување на категоријата граѓанин, без која не е можна современа, демократска и ефикасна држава во секој поглед. На дело е, за жал, парцилизација на Република Македонија, процес на кој скоро никој не му се спротивставува.

Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!