Колумни

Љупчо Палевски – ВЧЕРА се покажа големото лицемерие, се покажа колку можат да врескаат за ракомет, но не и за ИМЕ.

 

Ај од почеток да не заборавиме.

Од сабајлево глеам очајни обиди на корегирање на некакви персонални политички позиции, околу ВАРДАР и успехот на ВАРДАР,
Веднаш на почетокот да расчистиме, СТОЛЕ број 5, си е Македонец, принципиелен, оригинален, искрен, со она неговоно кога на 100.000 им вика Ејјј, Ејјјј, едноставно таков е , искрен е, но Македонец е.
Но, успехот на Вардар е една голема искра, доказ дека бришење на еден цел народ од постоење е не изводлива мисија, не денес, не 2019 година. СВЕТСА е општо присатна, паралелно со СТРАВОТ, со малодушноста.
ПЛОШТАДОТ се наполни не затоа што сите као разбираат и пратат ракомет, неее трикот беше сосема друг, цвикаторски, но за тоа подоцна, подоле. Немам намера да го перам ПЕТРЕ, кој е само најстар, нај искусен во дилетантскана и велепредавничка екипа од СДС, Петре ќе си ја крка одговорноста за промената на името, но највеќе за бришењето на Македонецот и претварање во државјанство, токму затоа што се фалеше дека е Егеец, ама не се доискажа дека бил Андарт или како се викаа копилињата.
Петре сака кеш, многу е просто и мислам дека кариерата ќе ја заврши као ШПАНЕЦ, само дупе да спаси , а нема да спаси….
Вчера се собраа Македонци, многи, барем 100 иљадарки и не е битно како бројка, центарот беше полн до даска, кркцкаше. Вчера немаше автобуси. вчера беше СКОПЈЕ на плоштад, беше ВАРДАР, доминантно Македонци, што не е грев туку сосема обратно.
Но вчера се покажа и еден голем дефект, срамен дефект, за сите, па и за мене автор на постов. ВЧЕРА се покажа големото лицемерие, се покажа колку можат да врескаат за ракомет, но не и за ИМЕ. Како тоа не е страшно за ракомет, а за ИМЕ е страшно, работичка се губи, егзистенција пред личност, мала платичка пред ДИКИШ, пред ГОРДОСТ.
Вчера беше безбедно, за ВАРДАР бе шооо, не сум политички, супер си е се, СТОЛЕ ризикува јас не, СТОЛЕ е фронтменот јас не, СТОЛЕ гине за нас, ние само навиваме.
Епа камаради , браќа и сестри, СТОЛЕ е планина, борец, Македонец, не е совршиен, уште се смејам за она Ејјјј како прав комита (навијачка група), симпатично скроз на скроз, но ајде попладнево смислете изговор, зошто никој, ниту навијачиве на КОМИТИ, ниту СТОЛЕ, ниту ЈАС или било кој друг МАкедонец, сосема обратно се однесувавме цела една година кога не убија, на глава ни се помочаа, сите до последен не се прајте ФРАНФУРТ.

Loading...

Related posts

Leave a Comment