Свет

Њујорк го чека денот Д : Никнува болница во Централ Парк

Работите на поставување на голема теренска болница во Централ парк во Њујорк, која веќе има околу 50.000 кревети, започна во понеделникот.

Се очекува да биде спремна во вторник да прими нови пациенти со коронавирус, кои во големото јаболко ги има 33.776 .

На источната страна на паркот со свртена накај  болницата „Маунт Синај“ ќе има 14 шатори со 68 кревети, а ќе има и интензивна нега со респиратори. Пациентите ќе бидат згрижени од тим лекари и медицински сестри кои им помагале на заразените лица со ебола во Западна Африка, но и на бегалците од Сирија во Ирак, како и на погодените од земјотресот во Еквадор, пренесува Њујорк пост. Координаторот за здравство Елиот Тенпени рече дека очекува болницата да може да започне со работа во рок од 48 часа. Соединетите држави со население од 320 милиони денес имаат 142. 106 пациенти, а починале 2.479 лица. Њујорк има најголем број позитиви на вирусот во Соединетите држави, а денес надмина 50.000. Во понеделник, во градот ќе пристигне и воената бродска болница, која има 1.000 кревети и неколку операциони простории. Покрај градските лидери кои проценуваат дека наскоро ќе им требаат 140.000 легла, на градот му недостасува заштитна опрема, респиратори и медицински персонал, дел од проблемот беше решен со нудење на 100 долари по час на медицинските сестри и тие во овој град, кој има население од 8,7 милиони, доаѓаат од сите делови на државата, Делта ерлајнс , како што информираат од компанијата , ги превезува бесплатно. Градоначалникот Бил де Бласио најави дека 5 април ќе биде Ден Д за Њујорк.

ЕПА-ЕФЕ / Питер Фоли

Loading...

Related posts

Leave a Comment