Економија

ЏОЗЕФ ШТИГЛИЦ : АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА И НЕЈЗИНАТА ФИНАНСИСКА ЕЛИТА СЕ МРТВИ

Stiglitz Among Fans of Exclusive Club: High-Yielding Do-Gooders ...

Еден од најпознатите светски експерти, американецот Џозеф Штиглиц тврди дека по короната, светот веќе нема да биде ист како што беше, и дека првенствено неповратно ќе ја погоди американската економија базирана исклучиво на сурова добивка затоа што системот се покажа како лош, кој во вакви кризи не дава резултати.

Америка има голем пад на продажбата, производството, БДП и приходите од буџетот и на САД и на сојузните држави. Единствено растат сите показатели поврзани со епидемијата и – невработеноста.

Меѓу обичните Американци, но и во значителен дел од американската елита, постои вистинска паника. На сите им е јасно дека западнале во најголемата криза по онаа пред 90 години од која Рузвелт ја извлекуваше земјата.

Сите се обидуваат да проникнат : како мнозинството во САД ќе живее после короната? Најчестиот одговор е : полошо, забележително полошо, а многу и многу лошо.

Нобеловецот Џозеф Штиглиц веќе рече : „Ние изградивме економија без амортизери. Систем кој се чинеше насочен кон максимизирање на профитот – се покажа како непостојан и изложен на ризици.

Американецот без работа е – никој. Нема пари за да се плати хипотеката (со кој е оптоварен голем дел од населението). Тој нема пари ни социјален пакет за плаќање на здравственото осигурување, без кои одењето во болници или дури и да повикате брза помош може да се претвори во илјадници сметки. Затоа во последно време, безмалку половина од сите лични банкроти биле поврзани со неможноста да се платат здравствените сметки.

Тој нема доволна заштеда за да може да ги преживее своите лоши години. Околу 40 проценти од  возрасните американци не можат да си дозволат непланирани трошоци од 400 американски долари.

До неодамна, се чинеше дека Трамп ја победи невработеноста, а од 29 март до 4 април американските власти регистрираа 6,6 милиони прелиминарни барања за добивање помош за невработени.

Ова е скоро 10 пати повеќе од рекордниот неделен показател забележен во 1982 година.

А од кога Трамп прогласи вонредна состојба кон средината на март, скоро 20 милиони Американци доставиле такви барања.

На Хаваи, 22 проценти од сите вработени напишале барање за помош при невработеност во март. Во индустрискиот Мичиген – 21 процент, во Пенсилванија – 20 проценти …

Вистина: Вакви барања пишуваат и оние кои очекуваат да ги загубат своите работни места, а реално можат да го загубат од 14 до 28 милиони луѓе.

Побарувачката за облека веќе опадна за 50 проценти, мебел – за 27%, автомобилите и резервните делови – за 26%…

Буџетите на некои американски градови се веќе пократки за 70 проценти од приходите од данок …

Две третини од сопствениците на малите фирми не се сигурни дека ќе опстанат.

Првиот човек на Њујоршката Федерална Банка, Џон Вилијамс, е уверен дека американската економија нема да закрепне пред крајот на 2020 година.

Според проценките, падот на американскиот БДП во вториот квартал на 2020 година би можел да достигне до 40 проценти. Секој ден стоење на националната економија, САД ги чинат 25 милијарди непроизводени долари.

Loading...

Related posts

Leave a Comment