Свет

Амбасадорот на Русија во Египет почина во болницата во Каиро

 

Рускиот амбасадор во Египет Сергеј Кирпиченко почина во болницата во Каиро на 68-годишна возраст, информираше руското Министерство за надворешни работи во понеделникот. 

„Утрово, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Египет Сергеј Вадимович Кирпиченко ненадејно почина во болницата во Каиро“, информирал изворот.

Кирпиченко е роден во 1951 година. Во текот на својата кариера тој раководел со руските дипломатски мисии во Обединетите Арапски Емирати, Либија, Сирија. Во 2011 година, тој беше назначен за амбасадор на Русија во Египет и претставник во Лигата на арапските држави.

Related posts

Leave a Comment