Македонија

Амди Кока Кола : ДПНЕ е Титаник кој потона, сега сум на другиот брод

 

Пратеникот и лидер на партијата Сојуз на Ромите на Македонија, Амди Бајрам(Кока Кола), денеска ги отфрли шпекулациите дека преговара со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека неговата партија ќе ја продолжи коалицијата со владејачката СДСМ.

„Останувам со коалицијата на СДСМ. Јас јавно кажав дека секогаш ќе бидам со власта. Но, гледајќи ја целата ситуација, јас веќе бев на тој брод. Титаник потона, нормално отидов на другиот брод и секако дека имаме успешна соработка со СДСМ“- рече Бајрам на прес-конференцијата во Собранието.

Related posts

Leave a Comment