Свет

Американска разузнавачка служба: Ни останува малку време да спречиме можна руска офанзива врз Украина

Претставници на американските разузнавачки служби ги предупредија сојузниците на САД дека останува малку време да се застане на патот на можна „офанзива“ на Русија против Украина, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“.
Повикувајќи се на зборовите на неименувани американски и европски функционери, Русија, наводно, сè уште не донела одлука што да прави со армијата што ја „насобрала“ на границата со Украина, иако Америка „тој факт го сфаќа многу сериозно“.
„Претставниците на американските служби се обидуваат да ги забрзаат европските земји во однос на соработката со САД за да разгледаат пакет економски и воени мерки за прашањето за ограничување на Москва“, наведува весникот.
„Њујорк тајмс“ пишува и дека токму од таа причина директорот на американската национална разузнавачка служба Еврил Хејнс отпатувал во Брисел за да ги информира амбасадорите на НАТО за можна руска офанзива против Украина.

Според весникот, тоа била една од најголемите „краткорочни закани“ за време на преговорите.
Руските медиуми, пак, потсетуваат дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, повеќепати ги коментираше предупредувањата на Западот за наводната офанзива на Москва врз Украина, велејќи дека таквите обвинувања се во најмала рака претерани.

Related posts

Leave a Comment