Свет

Американски воен експерт: Украинската армија ја чека колапс

Украинските воени формации ќе претрпат крупен пораз од руските вооружени сили во случај на обид да се преселат на југ. Ова во средата го соопшти пензионираниот потполковник на американската армија Даниел Дејвис за време на разговор со американски новинари во армиското воено издание 19Fortyfive.

„ Ако Украина сака да организира офанзива со надеж за чудесен резултат, ризикува да претрпи уште поголеми загуби изјави  Дејвис.

Покрај тоа, воениот експерт нагласи дека офанзивата на вооружените сили на Украина на југ ќе резултира со губење на контролата врз уште поголема територија за Украина отколку што властите на земјата контролираа на почетокот на воената специјална операција. Според него, напредувањето кон југ ќе доведе и до уништување на огромно количество тешко вооружување, вклучувајќи го и она што го снабдува НАТО.

Пензионираниот потполковник додаде и дека офанзивата од големи размери е невозможна без квалификувани и искусни војници. Воениот аналитичар истакна дека во моментот „необучени регрути“ кои немаат соодветно борбено искуство служат во редовите на украинската армија.

На 11 јули, во интервју за Тајмс, Резников рече дека вооружените сили на Украина добиле наредба од Зеленски да го вратат југот на земјата. Според него, вооружените сили на Украина се подготвени да искористат до милион војници за оваа намена. Самиот Зеленски не ја коментираше оваа изјава.

Related posts

Leave a Comment