Свет

Американците го добија рускиот одговор

САД денеска го добија одговорот на Русија на безбедносните предлози на Вашингтон, изјави претставник на Стејт департментот.

Тој рече дека одговорот му бил врачен на американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан, пренесе Ројтерс.

Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави дека Русија денеска ќе испрати одговор до САД за прашањето за безбедносните гаранции.

Тој додаде дека Москва ќе го објави писмото бидејќи, како што вели, потребно е сите заинтересирани граѓани да разберат што се случува и чија е позицијата, пренесува ТАСС.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги промени претходните планови за патување и обврските во последен момент за да присуствува на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, кој се одржува за ситуацијата во Украина.

Се наведува дека Блинкен ќе зборува на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

– Доказите на терен се дека Русија се движи кон непосредна инвазија. Ова е клучен момент – изјави за новинарите американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд, пренесува Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment