Свет

Американците од 11 април можат да го изберат знакот „Х“ на своите пасоши за припадност на пол

АМЕРИКАНЦИТЕ од 11 април ќе можат да го избираат полот „Х“ во барањето за пасош, соопшти денеска Стејт департментот по повод одбележувањето на „Денот на видливост на трансродовите лица“.

Стејт департментот објави во јуни минатата година дека граѓаните на САД можат да го изберат својот пол кога аплицираат, без приложување медицинска евиденција.

„Граѓаните на САД ќе можат да изберат X како ознака за пол во нивната апликација за пасош во САД од 11 април, а опцијата ќе стане достапна за други форми на документација следната година“, рече државниот секретар Антони Блинкен. 

Закон за трансродови спортисти

Промената е една од неколкуте мерки објавени од администрацијата на претседателот Џо Бајден, еден ден откако републиканските гувернери на Оклахома и Аризона потпишаа закони со кои им се забранува на трансродовите спортисти да учествуваат во училишни спортови за девојчиња.

Оклахома стана 12-та држава која донесе закон со кој се забранува на трансродовите девојчиња да учествуваат и да се натпреваруваат во женски спорт на училиште.

Правата на трансродовите луѓе беа издигнати во првите редови на културните војни што се случуваат низ САД во последниве години, заедно со прашања како што се репродуктивните права.

„Администрацијата уште еднаш го осудува ширењето на опасните анти-родови законодавни напади кои беа воведени и усвоени во државните законодавни тела низ целата земја“, се вели во соопштението на Белата куќа за иницијативите што ќе ги преземе за отстранување на бариерите за трансродовите луѓе. 

Иницијативите вклучуваат олеснување на патувањето, обезбедување ресурси за трансродовите деца и нивните семејства, подобрување на пристапот до федералните услуги и бенефиции и зголемување на вклученоста и видливоста во федералните податоци. 

„Секој Американец заслужува да има слобода да биде свој. Но, премногу трансродови Американци сè уште се соочуваат со системски бариери, дискриминација и насилство“, соопшти Белата куќа.

Related posts

Leave a Comment