Свет

Америка дава една милијарда долари за Иницијативата „Три мориња“

Фото: Епа / Шон Галуп

Минхен – САД ќе обезбедат 1 милијарда американски долари за иницијативата „Три мориња“, рече државниот секретар Мајк Помпео, осврнувајќи се на проектот во кој учествува и Хрватска.

„Преку механизмот на меѓународна соработка и со поддршка на Конгресот, ќе обезбедиме 1 милијарда американски долари за Централна и Источна Европа за иницијативата три мориња“, рече Помпео на безбедносната конференција во Минхен.

„Ние имаме за цел преку силен приватен и јавен сектор да ги заштитиме демократиите“, додаде Помпео, пренесува Хина.

Иницијативата „Три мориња“ е неформална политичка платформа за членките на ЕУ од Источна и Централна Европа на Балтичко-Јадранско-Црното Море.

Проектот беше особено промовиран од хрватската претседателка во заминување Колинда Грабар-Китаровиќ со полскиот претседател Анджеј Дуда со цел да се постигне поголема интерконекција во регионот во областите на енергетиката, транспортната инфраструктура и дигиталните комуникации, како и да се намали јазот помеѓу Западна и Источна Европа, јавува Ал Џeзира

Related posts

Leave a Comment