Свет

Анкара не размислува да ги повлече своите трупи од Идлиб

Анкара не размислува да ги повлече своите трупи од Идлиб, каде што се наоѓаат 12 турски набqудувачки места, според турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

„Нашето (воено) присуство во Идлиб со сите наши елементи продолжува. Повлекувањето на нашите војници не доаѓа во предвид, сите наши војници остануваат таму каде што се“, рече Акар, јавува Анадолија.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган се состанаа во Москва на 5 март за да договорат прекинот на огнот и голем број други мерки за стабилизирање на ситуацијата во Идлиб.

Русија и Турција ќе започнат со заедничко патролирање на автопатот М4 по безбедносниот коридор на 15 март.

Москва и Анкара ја потврдија својата посветеност на сирискиот суверенитет и се согласија да ја продолжат војната против тероризмот.

Related posts

Leave a Comment