Свет

Асад : САД се држава изградена како „политички режим на бандитските групи“

Башар ал Асад

Дамаск – Сирискиот претседател Башар ел-Асад рече дека САД се држава изградена како „политички режим на бандитските групи“.

“Американскиот претседател не ја претставува државата. Тој е само извршен директор на компанијата. Позади него стои управниот одбор, а тој одбор го сочинуваат големите американски компании кои се вистински сопственици на државата: тоа се нафтени компании, производители на оружје, банки и други лоби групи”, рече Асад во интервју за Спутник.

Како што објасни тој, САД не се држава, туку режим чие раководство го назначуваат компании кои работат за своја корист.

„Сакам да ве потсетам на еден момент – еден од најважните фактори што го натераа Хитлер да го нападне СССР во Втората светска војна беше нафтата“, рече Асад.

Во денешно време САД ја прават иста работа и ги имитираат нацистите.

„Проширување, освојување, поткопување на интересите на другите народи, гаснење на меѓународното право, хуманитарни основи и слично. И сето тоа заради нафтата“, заклучи тој.

 Русија нема алтернатива, таа мора да игра улога на голема моќ или да се ограничи на улогата на медијатор. Таа втора опција не е во интерес на светот. Следи дека присуството на Русија во Сирија е насочено, пред сè и најважно, за одржување на рамнотежата во светот, затоа што денешниот свет не живее по принципот на подреденост – рече тој.

Related posts

Leave a Comment