Регион

Атина демонстрации : Помпео, оди си дома

 

Додека илјадници антиамерикански демонстранти во Атина протестираа против неговата посета, американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска зборуваше за важноста на потпишувањето на договорот за одбрана и за тоа како Грција може да биде „столб на стабилноста во регионот“.

Илјадници демонстранти извикуваа „Помпео оди си дома!“ пред грчкиот парламент, додека центарот на градот Атина е затворен за сообраќај, со силно полициско присуство.

„Грција може да игра важна стратешка улога во регионот“ и „може да биде столб на стабилноста“, рече Помпео, кој се сретна со премиерот Киријакос Мицотакис.

Како продолжува притисокот на Турција во источниот Медитеран, посетата на Помпео е да ја зајакне соработката со Грција, традиционален и историски сојузник на Соединетите држави во регионот и членка на НАТО.

Потпишани се повеќе договори за „унапредување на соработката во одбраната“ меѓу двете земји, соопштија американски и грчки извори.

Грчкиот премиер зборуваше за напнатата состојба во источниот Медитеран, каде Кипар, островска членка на ЕУ, ја обвинува Турција за спроведување нелегални оф-шор операции за дупчење во потрага по природен гас.

„Кипар повика на примена на меѓународното право и јас го поздравувам позитивниот придонес на Соединетите држави за помагање на попродуктивна клима во регионот“, рече Микотакис.

Европската унија во неколку наврати го осудуваше нелегалното дупчење на Турција на  Кипарското морско дно, но Анкара оваа недела го испрати истражувачкиот брод Јавуз во ексклузивната поморска економска зона на Кипар, каде што дозволите за работа ги држат француските и италијанските енергетски гиганти Тотал и Ени.

Покрај разговорите со Микотакис, кој е на власт од јули, Мајк Помпео ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Дендијас, и министерот за одбрана Никос Панајотопулос.

Посетата на Грција е последна од турнејата на Помпео на Италија и на Балканот каде Западните земји и особено Соединетите држави сакаат да се спротивстават на влијанието на Русија.

Related posts

Leave a Comment