Свет

Бајден му се заканува на Трамп со државен удар(ВИДЕО)

Кандидатот на Демократската партија на претстојните избори во САД, Џозеф Бајден изрази загриженост дека сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, може да се обиде да ги украде изборите и го предупреди дека во тој случај го чека воен удар.

„Јас сум многу загрижен за тоа, претседателот ќе се обиде да ги украде изборите“, рече Бајден за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека е сигурен дека војниците ќе го изведат Трамп од Белата куќа доколку ги изгуби изборите во ноември и не го признае поразот.

Бајден рече дека коментарите на поранешните воени команданти, кои ја критикувале реакцијата на Трамп на протестите за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд и полициската бруталност, го увериле дека армијата ќе интервенира доколку Трамп не ги признае резултатите од изборите.

„Апсолутно сум убеден дека тој ќе биде веднаш изведен од Белата куќа“, рече поранешниот потпретседател на САД, кој претходно шпекулираше дека Трамп може да мами на изборите.

Тој потсети дека Трамп жестоко се спротивставува на гласањето по пошта затоа што, според него, тоа ќе доведе до масовна кражба на гласови.

Бајден исто така најави дека демократите ќе имаат правници на избирачките места за да ги спречат републиканците да манипулираат со гласачките ливчиња.

Претходно, беше објавено дека избувнал конфликт меѓу претседателот Трамп и министерот за одбрана, Марк Еспер, заради употреба на вооружена сила за запирање на протестите предизвикани од смртта на Џорџ Флојд. Одбивањето на шефот на Пентагон да ги употреби трупите го налути претседателот Трамп и го принуди да размислува да го отпушти.

Related posts

Leave a Comment