Македонија

БИЛ НИКОЛОВ : Грчките власти го тепаа мојот татко затоа што беше Македонец но за разлика од македонските политичари, татко ми не се предаде.

 

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за човекови права на македонците од Канада,Бил Николов,ги потсети македонските политичари на геноцидот извршен врз македонците од страна на грчките фашисти помогнати од САД и Велика Британија и како личен пример го посочи својот татко кого грчките власти го тепале и му се заканувале само затоа што е Македонец но за разлика од корумпираните политичари тој никогаш не се предал.

Мојот татко беше роден во оваа куќа во Желево, Егејска Македонија. Грчките власти го тепаа и му се закануваа затоа што беше Македонец. Нашето село беше бомбардирано од САД и Велика Британија, кои беа на страна на грчките фашисти. За разлика од македонските политичари, татко ми не се предаде,напиша Николов на својот Твитер профил.

 

 

Related posts

Leave a Comment