Колумни

ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА : Рекетот за сдс стана секојдневна спортска дисциплина, нешто како играње тенис со рекет топче!

Заев и Филипче фатени во милионски рекет без око да им трепне! Рекетот за сдс стана секојдневна спортска дисциплина, нешто како играње тенис со рекет топче! Си подаваат еден на друг без да му ја мислат дека рекет топчето еднаш и ќе мора да падне! А, после?! Рекетарите не сопираат. Немаат наситка дури и пред нивното целосно паѓање од власта, ама, да се ограби пред крај што е можно повеќе. Сакам уште да пишувам, да го изразам револтот како е можно до толку возрасни луѓе да немаат свест за последиците и ми фалат зборови, нема, не постојат такви со кои би го опишала овој грабеж на овие два мрачни и мизерни лика. Ај, муртинецот е минијатура од човек полн со комплекси на мали Бог кој сака да има најмногу и титула на НАЈ *, дете од село кој мисли дека ако имаш многу пари и ќе облечеш скапо одело, ќе возиш бесно ауто и тоа ќе те направи доблесен човек, со убава душа, култура, манири, достојност, човечност, дека колку повеќе пари – повеќе ум и интелект, оратор и доблесен храбар, стабилен водач и премиер итн.! Ама, ова човечево Филипче со стаклен израз на лицето и образуван, завршил високо образование, една од најхуманите професии, лекар, а со толку расипана душа, испеглана и наместена фаца со која се осмелува да гледа во очи додека сака да се оправда дека не ни ги убива децата со евтини вакцини на кои им поминал рокот за употреба! Не го менува стаклениот исушен анемичен и проѕирен лик никогаш, зборува тивко и мисли дека не му се слуша врисокот на лагите во него, дека народот не му ја осуетува ѕверската подмолна под брк насмевка, со која ни вика..Ќе крадам, ми се може, цркнете гкупаци!! Ете, така и тоа како се слуша и се гледа на овој расипан и подмолен префинет лик пресоблечен во хуманитарец со бел мантил, а под кого се крие најголем ганстер и криминалец! Тој стаклен израз со кој се појавува и лаже додека го прашуваат за безбројните рекетарски и тендерски криминали си го носи смело и ниту трепнува, уверен дека власта вечно ќе им трае и дека никогаш нема да застане пред судот на правдата и дека ќе одговара за сите рекети и останати грабежи преку наместени тендери!

Виолета Петковска

Related posts

Leave a Comment