Колумни

БИЛ НИКОЛОВ : МАКЕДОНИЈА – НАЈНОВАТА ЖРТВА НА ОБЕДИНЕТОТО АМЕРИКАНСКО ТОРНАДО

МАКЕДОНИЈА – НАЈНОВАТА ЖРТВА НА ОБЕДИНЕТОТО АМЕРИКАНСКО ТОРНАДО

Во американската надворешна политика нема левица и десница. Партиите се вртат во круг. Во бесконечен, брутален круг кој предизвикува хаос каде и да оди. Предизикува американско интервенционистичко торнадо.

Демократите и Републиканците делуваат како да се во конфликт околу секое прашање, освен две прашања по кои се единствени. Едното е: американската супериорност. Второтo: да ја наметнат својата супериорност на остатокот на светот.

Голем дел од светот е обединет против Трамп. Има и добри причини за тоа. Неговиот расизам, сексизам, сеопштата глупост… Можете да одберете било која причина, или десетици причини. Но Демократи, и вие страдате од една од најлошите особини на Трамп – неговиот недостиг на самочувство. Можеби не сте карикатури на идиот како него (и тоа може да се случи ако Џо Бајден стане претседател), но сте многу слични на него во друг смисол.

„Будалаштина – маларки“, ќе кажете, што е идиотскиот слоган на кампањата на Бајден, но да ги погледнеме накусо вашите надворешно политички приоритети. Ќе бидам кус, да не се случи да ве прифати уште една Трампистичка особина – губење на концентрацијата.

Под демократска власт, започнавте политики кои поттикнаа граѓанска војна во Македонија, им се даде амнестија на терористи, беше срушена македонската Влада и се воспостави марионетски режим, се апсеа и затвораа жени пратенички и членови на нивните семејства, се апсат тие кои ќе се осмелат да проговорат против американскиот интервенционизам, се крши и меѓународното и македонското право, Уставот, волјата на народот, и демократските принципи кои вие гордо велите дека ги браните – сето тоа за да се наметне промена на името, идентитетот и историјата. Зошто? За да се задоволат барањата на Грција, која ставаше вето на приемот на Македонија во НАТО доколку не се смени името на земјата во „Северна Македонија“ и не се отфрли се што значи да се биде Македонец.

Како Демократската Партија реагираше на сето ова? Реши да му помогне на (еден од нашите) угнетувачи, кој има јавно декларирана цел да ја уништи Македонија и Македонците. Зошто, прашуваме? За да го задоволите вашиот ненаситен и вкоренет империјализам.

Па така, Демократи, вие сте многу послични на Трамп и на Републиканците отколку што мислите. Зборувавме за расизмот и сексизмот, сега да прејдеме на неговата сеопшта глупост. Можевте да не поштедите од обидот за бришење на една цела етничка група и да си заштедите десетици милиони од вашите интервенционистички долари ако едноставно го отстраневте правото на една земја да става вето на одлуки на НАТО или, уште полесно, да и наредевте (како што обично сакате да правите) на таа земја (Грција) да не го употреби тоа право во овој случај. Секако, нема никаква полза од нашето членство во НАТО (или од постоењето на НАТО), но тоа е веќе друга приказна.

Уште еден пример на „сеопшта глупост“ е дека наседнавте на грчкото новоизмислено тврдење дека името Македонија им „припаѓа“ на нив, иако со генерации Грците го негираа постоењето на зборот на „М“. Вашите самопрогласени експерти (би требало да) го знаат ова, дека Македонија беше поделена во 1913 година меѓу Србија (делот кој е сега независната Република Македонија), Грција, Бугарија и подоцна Албанија. Сите го негираат постоењето на Македонија и се обидоа да ја уништат, а сепак ние опстојуваме.

Некогаш дури им припишуваа измислени барања на Македонците (им беше тешко да си ја запомнат својата сопствена пропаганда). Како може Македонија да е и српска, и бугарска, и грчка и албанска? Има еден концепт кој дури и Трамп би го разбрал – дека Македонија е македонска. Границите се менуваат но етничката припадност не се менува со нив. Името Македонец отсекогаш значело само едно нешто – етнички Македонец. Ова го признаваа дури и нашите угнетувачи – додека не почна да им пречи на нивните фашистички идеали.

А вие, Републиканци, вие ги продолживте, па дури и ги поздравивте анти-македонските политики на Демократската Партија, кои одат спротивно и на човековите права, и покрај ветувањето на Трамп дека нема да се меша во други земји, како неговата „непријателка“ Хилари Клинтон. Републиканци, вие секогаш бевте по-отворени во својот одвратен расизам и сексизам од Демократите, но би требало сега да разбереме дека Демократската Партија отсекогаш ви беше соучесник во злосторствата.

Ако ова е премногу за вас Демократи и Републиканци да го признаете, зошто тогаш не го отфрлите преименувањето на Македонија кои ни беше наметнато од страна на САД и зошто не се заложите за човековите права кои велите дека ги ширите низ светот? Боже чувај да направите такво нешто. Евентуално би можеле да го сторите само од инает едни кон други.

Сепак, поголеми се шансите да почнете тајно да го славите вашето ново-создадено партнерство додека јавно се преправате дека се мразите, а во меѓувреме заедно предизвикувате хаос низ светот.

Бил Николов, Претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права

Related posts

Leave a Comment