Свет

Боливија на работ на граѓанска војна, петмина мртви во судир

 

Во судирот помеѓу поддржувачите на поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес и полицијата во регионот Кочабамба убиени се најмалку пет лица, а повредени се повеќе од 30. Поддржувачите на Моралес бараат негово враќање во земјата. Привремената влада на Боливија „испраќа дома“ дипломати и доктори од Куба и Венецуела, кои беа клучни сојузници на Ево Моралес.

Привремената влада на Боливија побара од официјалните лица од Венецуела и Куба да ја напуштат земјата, вклучително и кубанските лекари, обвинувајќи ги за поттикнување немири како резултат на оставката на поранешниот претседател Ево Моралес.

Министерката за надворешни работи рече дека 725 Кубанци ќе се вратат дома. Таа тоа го побара од сите венецуелски дипломати, а некои од поддржувачие на Моралес побараа азил во мексиканската амбасада.

„Оние кои побараа азил, треба да докажат дека им е загрозен животот, слободата или физичкиот интегритет, а тоа не се случи. Мексиканската влада, доколку им биде одобрен азил, ќе побара од нас да им обезбедиме да ја напуштат земјата“, вели Карен Родригез. Министерката за надворешни работи на Боливија.

Привремениот претседател на Боливија вели дека соборениот претседател може слободно да се врати, но дека ќе мора да одговара на прашања во врска со изборната измама, дека нема да има имунитет и дека не е добредојден на ниту едни избори.

„Ако претседателот Моралес сака да се врати, нека се врати, и тој знае дека треба да одговори на некои прашања“, вели Џанина Ањез, привремениот претседател на Боливија.

Моралес рече дека би сакал да се врати во Боливија од Мексико, каде што се наоѓа во азил. Открива дека Соединетите американски држави му понудиле авион за да избега од Боливија.

„Соединетите американски држави го повикаа министерот за надворешни работи во Боливија и понудија да испратат авион за да не однесат таму каде што сакавме. Бев сигурен дека тоа ќе биде Гвантанамо“, вели Моралес.

Привремениата претседателка разговараше со пратениците од партијата на Моралес за решавање на кризата во земјата. Таа  заклучува дека нови избори се најверојатни, без да прецизира детали.

Related posts

Leave a Comment