Привремената влада на Боливија и пратениците од Движењето за социјализам на поранешниот претседател Ево Моралес постигнаа договор во Сенатот за одржување нови избори, што може да помогне во решавањето на политичката криза во земјата.
Привремената претседателка на Боливија Џанин Ањез рече дека Ево Моралес не може да се кандидира на новите избори, иако тој сеуште тврди дека е претседател, бидејќи парламентот допрва треба да ја прифати неговата оставка.
Ањез не го објави датумот на новите избори, но според уставот, таа мора да ги распише во рок од 90 дена од стапувањето на должноста.
А од Мексико, Моралес ги повика Обединетите нации и папата Фрањо да посредуваат во решавањето на кризата.
Во Боливија, илјадници негови поддржувачи демонстрираа како поддршка на неговото враќање во земјата.
Од Бразил, каде се одржува самитот на членките на Брикс, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Боливија е на работ на хаосот.