Стејт Департментот уште од Бејли и Хилари па се до ден денешен ја извртувал политиката на Трамп кон Балканските држави и неговата подршка за суверените нации и неговата критика кон недемократските институции како ЕУ! На своја рака и зад грб на Трамп, Стејт Департментот го притискал Доналд Туск да ја прими Македонија (како Северна) и оделе дотаму да го лажат Трамп, а и сега ја лажат Американската јавност дека Македонците гласале за ЕУ и промена на името на пропаднатиот референдумот!
Македонија денес главна вест во граѓанската војна меѓу Дип Стејт и легитимниот Претседател Трамп, во продолжение ви пренесуваме извадоци од денешниот напис на влијателниот про-Трамп медиум Брејтбарт за да добиете оригинална представа како се пренесува за Македонија таму:
Американскиот Стејт департмент изјави за Брејтбарт дека го почитува суверенитетот на европските држави, откако беше откриено дека ја подрива долгогодишната посветеност на претседателот Доналд Трамп за Брексит и за подршка на независните држави-нации со тоа што Стејт Департментот јавно го поддржа понатамошното проширување на Европската унија наспроти политиката на својот Претседател!
Претседателот Трамп јасно ја изложи својата политика против глобалистички и супранационални тела како Европската унија и постојано го фалеше и подржуваше народот на Велика Британија за гласањето за повлекување од Европската унија.
Неговото спротивставување на експанзионизмот на глобалистичката ЕУ се гледа од неговото интервју за 2017 година за весникот „Тајмс “ кога претседателот Трамп јасно стави до знаење дека за разлика од “вредностите” што ги следи политичкото раководство во Брисел, народите на Европа „сакаат свој идентитет“ и тој верува дека и другите нации ќе ја следат Велика Британија и ќе ја напуштат Европската унија на време.
Во септември, Претседателот Трамп им рече на ООН: „Иднината не им припаѓа на глобалистите, иднината им припаѓа на патриотите, иднината им припаѓа на суверените и независните нации“.
Портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус, во петокот се обрати до претседателот на Европскиот совет, неолибералниот глобалист Доналд Туск, давајќи поддршка на тогаш очекуваната одлуката за покана на Албанија и Македонија да влезат во Европската унија како нови земји-членки.
И Додека Стејт департментот сега инсистира на тоа дека го почитува суверенитетот наМакедонија, “разбирањето” на степенот до кој самата Европската унија има почит кон нејзината најнова потенцијална членка е најтешко да се сфати.
Долгогодишната членка на ЕУ Грција со децении ја користеше Унијата за да ја спроведе агендата против својот северен сосед, инсистирајќи на тоа Македонија да не се нарекува со своето избрано име „Македонија“, туку да биде наречена „Поранешна југословенска Република Македонија“ успевајќи да го направи формалното промена на името во „Северна Македонија“ услов за членство во ЕУ.
Одговарајќи на барање на Брејтбарт Лондон, висок функционер во Стејт Департменто рече: „Ние зборуваме за суверенитет и одлуки. Ние сме за земји што го прават својот избор во институциите во кои тие избираат да им се придружат. Ние нема да им речеме да се придружат кон еден или друг. Луѓето од Северна Македонија гласаа на референдум за да преземат одредени чекори кон овој вид интеграција. Овие се земји што сакаат да бидат во ЕУ, а Велика Британија донесе своја одлука, гласајќи преку референдум за заминување. “
Ова беше понижувачки удар за земјата, ветувањето за лесни пари од ЕУ и бесплатна миграција во иднина генерално се покажа дека е премногу за да се спротивстават малите, помалку богати нации на работ на Европа, пишува Бреитбарт и покажува дека се уште во САД никој не знае дека РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОПАДНА!