Читателите на британските медиуми со потсмев ги коментираа извештаите дека американскиот лидер Џозеф Бајден за време на телефонскиот разговор со партнерите од ЕУ и НАТО рекол дека руската инвазија на Украина ќе започне на 16 февруари.
– А во кое време во среда?, напиша во коментар еден од читателите на „Дејли мејл“.
– Дали си сигурен дека е среда? Што не во четврток или петок?, коментира друг.
– Не можам во среда. Четврток или петок повеќе ми одговара, но во секој случај би било добро да го завршам до викенд или: – Путин не може да нападне во среда, морам да одам на фризер, ова се само дел од коментарите.
Читателите не ги заборавија претходните случаи кога американското раководство даваше изјави без докази.
– Ова се истите информации што ги имаа Американците за Ирак?, се прашува еден од нив.