БРУТАЛНА ЛАГА НА ДПмНЕ ДЕКА МИЗРАХИ ГО СМЕНИЛА ПАНОТО ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА
Деновиве бевме сведоци на еуфорична вест пласирана од медиумите блиски до ДПмНЕ дека министерката од партијата на Мицкоски,Рашела Мизрахи,наводно го сменила паното во министерството за труд и социјала и дека на ,,новото” пано таа издала наредба да стои Република Македонија наместо северна.Оваа вест беше примена со овации помеѓу граѓаните и во дијаспората,а Мизрахи преку ноќ стана херој.И се би било во ред ако веста беше објективна и вистинита , но откако од споменатото министерство побаравме информација кога старото пано со северна е променето со ново на кое стои Република Македонија,од таму добивме одговор дека такво нешто никогаш не се случило и дека од секогаш во употреба е пано со Република Македонија.
на сликите се гледа дека и Царовска користи пано со името Република Македонија
Од тука логичен е заклучокот дека ДПмНЕ со најподли и нечесни лаги сака да го врати имиџот на партија која ги брани националните интереси на македонскиот народ.Вистината е сосема друга,а тоа се фактите дека ДПмНЕ ви изминатите три години беше цензус партија која со своето присуство во собранието му помогна на Заев во неговите погубни договори на штета на Македонија и на македонскиот идентитет.Дрскоста на ДПмНЕ оди до таму што по наредба од раководството на партијата, лагите како во случајов оваа со Мизрахи,се користат за дискредитација на вистинските патриотски партии,здруженија и поединци.Како најсвеж пример е ФБ статусот на квази новинарот Борислав Стоилковиќ познат како Психо близок до ДПмНЕ,кој по нарачка од белиот двор шири лаги и манипулации за да внесе забуна кај гласчкото тело во пресрет на престоечките парламентарни избори.