Екологија

Цементарница УСЈE доби пехар за „трујач на годината“ од граѓанските активисти

 

Полициски кордон, црвена лента, вработени во цементраницата „УСЈЕ“ од една страна – граѓаните, активистите и невладините организации од спроти. Се бараат одговори што согоруваат печките во „УСЈЕ“ и зошто тоа не го мери и проверува секојдневно министерстовто за животна средина. Директивите се на Европска Унија а Македонија не ги почтува велат граѓаните кои дојдоа револтот да го изразат пред портите на скопската фабрика.

На нападите веднаш возврати првиот човек на фабриката кој излезе од канцаларијата и се соочи со протестантите. Дочекан со свирежи се обиде да објасни дека фабриката не загадува.

Директорот си замина присутните на компанијата и врачија симболична награда.

Одговри побаравме и од околните жители. Не виделе што се гори, но тврдат дека ја почуствувале миризбата.

Минатата недела под притисокот на јавноста државните инспектори запреа 42 камиони на граничниот премин со ГРција со отпад подготвен за согорување. Додека се проверува содржината и составот на отпадот, граѓание страуваат дека ова алтернативно гориво е поефитно, но и поопасно.

Изминатата година печките на цементарницата проголтале 4400 тони узвезен отпад како алернативно гориво иако тоа се само 4 проценти од вкупната количина за потребите на печките. Цементарницата која што не ги крие бројките тврди дека во процесот на согорување испуштаат од 15 до 39 пати помалку сулфурни оксиди во воздухот, и најмалку 5 пати помалку пм 10 честички од пропишаните граници. Мерењата секојдневно ги прави нивната лабораторија и ги испраќа на министерството за животна средина, барем додека не се постави мониторинг во кои и граѓаните секојдневно ќе имаат увид.

Related posts

Leave a Comment