Регион

Бугарија започна да прима руски гас преку Турски тек

СОФИЈА – Бугарија започна да прима руски гас преку гасоводот „Турски тек“, изјави денеска извршниот директор на „Булгартрансгас“, Владимир Малинов.

„Булгартрансгас и рускиот гаспром ги завршија разговорите во последните денови од 2019 година и денес Бугарија започна да прима руски гас преку Турција наместо Украина“, изјави Малинов за бугарското национално радио, пренесува Тасс.

Според него, Бугарија годишно ќе добива 2,9 милијарди кубни метри гас, а објектите за гасна инфраструктура се подготвени да ги примат тие количини на гас, пренесува Танјуг.

Малинов рече дека Бугарија ќе може да ја намали годишната исплата на транзит за околу 70 милиони лева (35 милиони евра) и дека цените на бензинот ќе бидат намалени за пет проценти.

Related posts

Leave a Comment